
МВР бара да се олабават мерките, дозволено групирање до седуммина – а над тоа прекршочни пријави
МВР денеска достави барање до Владата за дополнително олабавување на мерките кое се однесува на групирањето на граѓаните на отворен простор. Министерството бара дозволениот максиум на лица во група да биде седумина наместо досегашните пет и доколку оваа бројка е поголема казната да биде прекрошна со глоба наместо досегашната кривична.
Секој четврти граѓанин кој е затекнат без заштитна маска на место на кое е задолжително носењето се казнува со мандатата казна од 20 евра а тројца минуваат неказнето само со опомена, покажуваат полициските статистики.
Досега МВР регистрирало 1.009 прекршоци сториени од 1.011 граѓани. Со псимени опомени поминале 749 лица а 263 граѓани биле казнети со по 20 евра.
Она што привлекува внимание е дека во Битола оваа мерка исклучително се почитува или пак полицијата воопшто не превзема никакви мерки бидејќи досега е регистриан само еден прекршок и на граѓаниниот му била изречена казна.
Гледано по сектори, најмногу прекршоци се регистрирани на подрајчето на СВР Тетово а најмногу се казнети во Скопје.
СВР Тетово, има регистрирано 327 прекршоци а казени се 45 лица. На подрајчето на СВР Охрид досега се регистрирани 230 прекршоци а само 18 граѓани биле казнети, останатите 212 минале со опомена. Скопската полиција има регистрирано 151 прекршок но за разлика од нивните колеги издадени се 149 казни од по 20 евра. СВР Штип досега открило 128 прекрошци но казнети се само осуммина. Кумановките полицајци имаат откриено 104 лица кои не носеле заштитни маски а казние деветмина. СВР Струмица регистриорала само 35 вакви случаи но казнила 13 граѓани а велешката полиција има 33 прекрошци и речиси половина се казнети – 16 лица.
Од МВР велат дека во наредниот период многу повеќе вимание ќе се обраќа на оваа мерка и полициските службеници ќе бидат далеку поригорозни.
Уредбата за задолжителеното носење на маска Владата ја донесе на 22 април со препорака до почетокот на мај полицијата само да опоменува. Според оваа уредба заштитни маски мора да се носат на јавни места каде што не може да се одржи препроачаната оддалеченост од два метри, на пазарите, во јавниот превоз државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекалнии здравствени институции. Фиримите мораат да обезбедат заштитни маски и опрема за сите свои вработени и не смеат да дозволат влез на граѓани кои не носат.
Покрај полицијата, за тоа дали се применува и почитува оваа мерка надлежни се и државниот санитарен и здравствен инспекторат, државниот инспекторат за труд и државниот пазарен инспекторат кои досега не излегоа со официјални податоци за бројот на изречени опомени и мандатни казни.
Огнен Чанчаревиќ