МВР акција: 40 казни и одземени неколку мотоцикли

Пребрзи моторџии на улиците и неколку повредени луѓе во само едно деноноќие – ја натераа полицијата на голема акција. Вчеравечер полицајци во униформа се распоредиле и демнеле на скопските булевари. На терен биле пет ипол часа – доволно за да напишат четириесетина казни, но и да одземат неколку мотоцикли и да ги однесат во своите гаражи.

Сообраќајни несреќи секогаш имало, а кампањите и акциите на полицијата не можат да понудат решение на проблемот, тврдат експертите. Треба да истражуваме, стручно да пристапиме на проблемот, да ги откриеме причините зошто вакви несреќи се случуваат на улиците – апелира до надлежните, Гроздан Ангеловски.

Луѓето кои секојдневно се дел од сообраќајот го лоцираат проблемот во ниското ниво на сообраќајна култура.

Еден од оние кои поразговараа со екипата на Телма им понуди свое решение на надлежните. Да не казнуваат туку да опоменуваат.

Вчера деветгодишно дете беше прегазено додека преминувало улица во Радишани, на големиот одмор помеѓу часовите. Вечерта пред тоа, кај Зоолошката градина, моторџија удри четири жени и им предизвика скршеници по целото тело.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ