Музеј за тутун во Прилеп

Во склоп на националната установа “Завод и музеј Прилеп” работи и музејот за тутун. На површина од 250 метри квадратни се изложени дел од 3000 експонати посветени на сите аспекти на тутунот, од формите на употреба, производство, трговија, историјат како и феномените кои ги носи тутунот. Ова е музеј на приказни, надополнети со ликовни дела на тема тутун и каширани фотографии поврзани со одгледувањето на тутун во Македонија. Лулите се најбројните ескпонати, некои од нив се од Светските изложби во Виена и Париз при крајот на деветнаесетти век, а најстарите се од среднината на 17 век, потоа се изложени скапоцените чибуци и табакери кои сведочат за нивните сопственици, како и материјалите и техниките на изработка.

Денес музејот се надградува и живее благодарение на љубовта и посветеноста на кустосот Цветкоски, а колекцијата станала толку голема и значајна благодарение токму на ентузијазмот и чесноста на неговите претходници кои ги откупувале предметите од разни институции, комисиони и поединци од Европа, Азија, Африка, Австралија, а дел се ископани по локалитети ширум Европа.

Музејот на тутун е трет по големина и значење ваков музеј во Европа и е основан во 1973 година, во рамките на прославата 400 години тутун во Македонија и 100 години организирано тутунопроизводство во Прилеп.

Јордан Дуков

Снимател: Јане Марковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ