Муслиу: Заврши епизодата за песни и музика, Македонија ја чека сериозна работа за влез во НАТО и ЕУ

Граѓаните, а не политичарите ќе го одредат точниот датум кога Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО. Се зависи од динамиката на имплементирањето на договорот со Грција, со кој е условена и поканата од алијансата, порача минситерката за одбрана Радмила Шеќеринска од синоќешната прослава во градскиот парк по повод поканата од НАТО.

Со поголем оптимизам министерот за надворешни работи Никола Димитров очекува земјата да стане челнка на НАТО до јуни наредната година, а ЕУ да си го исполни ветувањето за отворање преговори во 2019-та.

Без датуми и ветувања, со повеќе пораки до опозицијата, премиерот Зоран Заев како клучен фактор ја гледа соработката со опозицијата.

Заврши епизодата за средби, песни и музика и Македонија ја чека сериозна работа за интеграција во НАТО и ЕУ, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу кој вели дека периодот од една година е доволен ако се работи посветено и одговорно, Македонија да ги отпочне преговорите со европската унија и да испорача резултати.

Според Муслиу, по евентуален успешен референдум на есен, земјата ќе се соочи со многу посериозни системски реформи со акцент на судството, администрацијата и справување со корупцијата. Првичните чекори од пристапниот процес на Македонија во НАТО почнуваат веднаш , а првиот тим доаќа кон крајот на јули. Официјално преговорите почнуваат наесен и би траеле неколку месеци, потврдија оттаму.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ