Мукаетов до поединци: Суетите во Скопје, мислите на репрезентативните настапи

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешното редовно Годишно собрание ги сумираше резултатите во изминатите 365 дена истакнувајќи дека македонскиот ракомет оди во нагорна линија и се движи по вистинскиот пат.

„Настапот во Првата фаза на ЕП во Хрватска беше максимално успешен, но за жал во втората рунда не продолживме така. Загубивме од Шпанија, Данска и од Чешка со која можевме да извлечеме подобар резултат. Апелирам за во иднина, поединци, личните проблеми и суети да ги оставаат во Скопје и да се посветат на играта, да бидат сконцентрирани на сите натпревари до крај“, изјави Мукаетов.

Тој со пофални зборови комнтираше за стручниот штаб и работата во националниот тим на селекторот Раул Гонзалес.

„Сакам да упатам комплименти до стручниот штаб на чело со Раул Гонзалез, за кој се надевам дека уште долги години ќе биде на клупата на националниот тим. Да се претставуваат боите на нашата мала држава, рамо до рамо со најдобрите во Европа и светот, додека истовремено се промовираат млади играчи, стои како потврда за проактивното делување на оваа наша проблематика. За нас останува да се фокусираме на следниот голем проект, а тоа е пласман на следното СП во 2019. година. Редовната системска работа со националните селекции во сите категории донесе бројни впечатливи резултати, паралелно со промоцијата на младите ракометари. Во 2017 година со младата репрезентација се радувавме на најголемиот успех на СП во Алжир каде го освоивме шестото место во светот, додека со машката сениорска репрезентација го продолживме континуитетот на големи натпреварувања“, додаде Мукаетов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ