Муижниекс: Македонското општество е длабоко поделено

Македонија останува длабоко поделена по етничка основа и властите немаат никаков план таа да се надмине. Ова го заклучил Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нил Муижиниекс, кој оцени дека со Охридскиот рамковен договор направени се промени како правичната застапеност на заедниците, децентрализацијата и употребата на јазиците, но не е постигната интеграција. Тој посочи дека значаен дел од луѓето се сомневаат дека поделбите само ќе се продлабопчат со новиот закон за употреба на јазиците.

Со нетрпение ги очекувам наводите на Венецијанската Комисија. Но Венецијанската Комисија ја оценува само уставноста на овој закон и тоа откако е донесен, а не пред тоа што е вообичаената практика. Нема да оценува дали нуди кохезија во општеството и дали ги подобрува межуетничките односи. Ова го прават високиот комесар за малцинства на ОБСЕ и Советот на Европа, рече Нил Муижиниекс, Комесар за човекови права на Советот на Европа.

Најмногу е загрижен заради сегрегацијата во образованието зошто создава недоверба и предрасуди. Комесарот за човекови права разговарал со македонските власти и за притворените за случувањата во Собранието на 27 април, меѓу кои и пратеници и нарекувајќи ги  контроверзни случаи.

Нема сомневања дали се следени процедурите, особено за лицата со имунитет. Што се однесува до слободата на изразувањето, луѓето имаат право да се изразат, но немаат право да тепаат. Од бројните извештаи знам дека условите во притворот се многу лоши и дека многу треба да се стори за подобрување на тие услови. Притворот треба да се изрекува само кога е неопходно, а не како казна, особено кога се знае какви се условите таму, рече Нил Муижиниекс, Комесар за човекови права на Советот на Европа.

За подобрување на состојбите со човековите права Советот очекува измени на законот против дискриминација како и воведување на независен механизам за надзор на полицијата. Нил Мужиниекс со оваа посета го завршува својот мандат како Комесар за човекови права на Советот за Европа, а на негово место доажа Дуња Мијатовиќ, која беше Претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Сања Васиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ