
Мухиќ: Имаше штаб во Собранието за време на крвавиот четврток
Штаб во кои доаѓаа информации и од каде излегуваа команди постоеше во Собранието за време на крвавиот четврток, тврдеше во сведочењето пратенбикт Ферид Мухиќ. Тој бегајќи од нападите се сокрил во галеријата на сала 4. Од таму можел да слуша човек облечен во црно кој бил во салата но не можел да му го види лицето бидејќи се криел. Се информирал за состојбата на пратеникот Села, за она дали има други за ликвидација, давал координати за делување но постојано бил информиран и за она што се случува надвор.
Пред Мухиќ сведочеше и вработениот на техника во собранието Сашко Коцевски. Тој раскажуваше дека бил задолжен за микрофоните во салата, па кога претседавачот Трајко Вељановски прогласил крај на седницата, тој ги исклучил. Но потребни биле неколку минути за ова, па пратеници од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и обвинетите влетале во режијата и инсистирале што е можно побргу да се исклучат. Кога почнале нападите се заклучиле во просторијата и од таму барале помош од секретарот на собранието кој им се јавил само еднаш. Се интересирал дали работи техниката и дали снима, но не ги прашал за нивната состојба. Од таму ги извлекол шефот на личното обезбедување на Вељановски, кој исто така е обвинет во предметот. Инаку и Коцевски бил учесник на протестите, член на ВМРО кое како што рече работело како војска.
- Во партијата се шпекулираше дека Богдаи Илиевски – Бетмен работи поради финансиска поддршка бидејќи претходно тој беше најгласен во „плукањето“ против Никола Груевски. Дурловски пак никогаш немаше радикални говори туку само ја пееше македонската химна, сведочеше на Сашко Коцевски.
Инаку денеска адвокатот на Јохан Тарчуловски побара изземање на судијката Добрила Кацарска бидејќи била во родниндки врски со некој од оштетените и била пристрсана. Со кој не кажа, но судот го одби барањето бидејќи тие во моментов не се оштетени туку сведоци.
Билјана Николовска