Мртва избодена старица најдена во стан во Тафаталиџе

Син ја нашол својата мајка избодена со нож и мртва во стан во скопската населба Тафталиџе. Полицијата соопшти дека телото е најдено синоќа, а жртвата е на 77-годишна возраст.

-Со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот синот ја пронашол неговата мајка К.Г. (77) во нејзиниот стан во населбата Тафталиџе во Скопје. Во 20.30 часот тој отишол да ги посети мајка му и брат му М.Г. (50) и кога влегол внатре ја пронашол мајка му, соопшти МВР.

Во врска со случајот полицијата го привела вториот син М.Г. во полициска станица. Телото на починатата старица е предадено на обдукција. Полицијата истражува дали станува збор за убиство.

М.С.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ