
МПЦ очекува Цариградската патријаршија да ја признае автокефалноста
Светиот синод се собра на последната седница пред лето. И покрај жешките и актуелни теми за статусот на црквата, писмото до цариградската патријаршија и односите со Бугарската црква, на седницата се расправало само за тековни црковни работи дома и од дијаспората. Митрополитот Тимотеј вели дека очекувањата од писмото испратено до вселенскиот патријарх се признавање на реалноста дека МПЦ постои.
Ниту другите владици не ја ширеа црковната тема подалеку од денешниот дневен ред на седницата.
Митрополитот дебарско- кичевски по прославата во Софија кога бугарската православна црква сама прослави милениум од Охридска архиепископија и со обиде ја присвое нејзината историја, вели дека очигледно е дека сега Охрид е во Македонија и дека за статусот на МПЦ се решава во Вселенската патријаршија.
Тимотеј е оптимист, а обидите за решавање на црковниот статус иако многу поневидливи се случуваат паралелно со преговорите за името.
Миомир Серафиновиќ