МПЦ-ОА: Граѓаните се политички зрели слободно да се изразат на референдумот

И Македонската православна црква се огласи за референдумот.  Ги повика граѓаните слободно и по свое уверување да се изразат, без да заземаат страна како да се гласа.

– Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор, се вели во соопштението од Синодот, по денешната седница.

Од Синодот велат дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и дека ќе го остварат своето демократско право на избор.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ