
МПЦ нема да може да гради до мај-пресече општина Центар
Македонската православна црква со бизнис партнерот МГ „Фешн“ на Зоран Антиќ ќе мора да се воздржат од градење на згради на луксузниот плац во Центар до мај наредната година. Општина Центар со мнозинство гласови од советниците одлучи ја продолжи забраната за издавање градежни дозволи до 30-ти април. 31 детален урбанистички план остануваат замрзнати, ќе чекаат поправка или амин од комисијата дали се исправни .
- Со мораториумот, 31 ДУП се враќаат на повторна доработка, а истовремено се забранува издавање на одобренија за градби на територија на општината, со што идејата на општината е да воведе ред во урбанистичкото планирање, но и да придонесе кон намалување на загадувањето на околината и атмосферскиот воздух, велат од општина Центар.
Одлуката на Центар следи по скандалот откако министерството за транспорт и врски на бизнис дуото „Обновители“ и МГ „Фешн“ им продаде државно земјиште за 320 евра по метар квадратен иако во законот не стои дека министерството е обврзано да го оттуѓи змејиштот кое беше барано по основ на оформување на градежна парцела. 9000 метри квадратени државно земјиште ги плати црквената фирма „Обновители“ за сума од 2,3 милиони евра. Формирана во 2010 навела дека ќе се занимава со градежништво, а за партнер го зела бизнисменот Зоран Антиќ со неговата сопруга и нивната фирма МГ „Фешн“. 8 години не завртеле ниту денар, а од медиумот ТВ Нова и притоскот од јавноста неофицијално управата за јавни приходи започнала да го испитува работењето на македонската православна црква. Сепак, УЈП не открива јавно дали ќе ја испитува само 2018-та година или и други пресметковни години, и дали МПЦ плаќала данок како секое правно и физичко лице во државата. МПЦ јасно и недвосмилсно кажа дека има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура. На парцелата која ти ја поседуваат, онаа што ја докупија и неколкуте во сопственот на партнерот Антиќ планриаат да изгрдат станбен и деловен простор иако на таа лоакција деталниот урбанистички план дозволува градба на три 60 катници, план за кој тече рокот опшптианта да се изјасни за овој детален урбанистички план.
Павле Беловски