Можно е јавно-приватно партнерство за Брзата помош, најави министерот за здравство

Првиот човек во здравството не ја исклучува можноста за јавно приватно партнерство за Брзата помош. Веќе околу еден месец Министерството за здравство на маса го има документот кој треба да оправда дали таков проект е изводлив. Филипче и соработниците анализирале дали таквиот проект може да се исплати. Им се допаднала идејата од економски аспект.

Сепак, министерот не сака да донесе никаква одлука пред да дебатира со експерти кои работат внатре во службите за Итна медицинска помош.

Пред неполна година, првите луѓе во здравство започнаа проект за детска кардиохирургија кој беше најавен како јавно-приватно партнерство со клиниката Жан Митрев. Потоа тие се оправдаа дека не станува збор за класично јавно приватно партнерство, а докторот Чадиковски заедно со тимот кој оперираше во Жан Митрев направи трансфер во приватната болница Аџибадем Систина.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ