Можно е гинеколошката болница „Мајка Тереза“ да се затвори (видео)

Министерот за здравство Венко Филипче не ја исклучува можноста гинеколошката болница „Мајка Тереза„ во Чаир да биде затворена, откако инспекциите на град Скопје утврдија дека котелот за греење, кој работи на мазут, енормно го загадува воздухот. Во меѓувреме проектот за измена на начинот на греење поднесен од гинекологија Чаир чека на одобрување од надлежното министерство. Во оваа гинеколошка болница на годишно ниво во просек се раѓаат 4.200 бебиња.. Филипче вели дека наредната грејна сезона овој проблем ќе биде решен.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ