
Можно е да се промени одлуката за екстрадиција на бегалците Грујевски и Бошковски
Се уште има можност да се промени одлуката за екстрадиција на бегалците од УБК Грујевски и Бошковски иако Врховниот суд одби да ги испорача, сметаат дел од правните експерти. Конечната одлука се уште не е донесена. Експерите очекуваат дека македонското Министерство за правда се уште има можност да преземе мерки и правно да ги разубеди грчките колеги околу помилувањата на Иванов што беше еден од клучните аргументи на атинскиот врховен суд да ја одбие екстрадиција.
Универзитетскиот професор Калајџиев вели дека одлуките на грчкиот Врховен суд не ја обврзуваат Макеоднија и очекува ова сложено прашањее да се преши пред Еворпскиот суд за човекови права. Треба да покажеме дека помилувањата на претседателот не се изолирани случаи туку во целина имаа за цел да се избегне правдата за сериозни дела поврзани со кршење на човекови права, вели Калајџиев.
Што ќе преземат по одлуката на грчкит Врховен суд до сега не открија од СЈО, но обвинителката Ленче Ристовска денеска го коменираше бегството на Грујевски и Бошковски.
Ристовска од конференцијата организирана од Институтот за европска политика ЕПИ, порача и дека не треба да се дозволи неказнивост но и дека треба да има одговорност и за претставници на правосудтството за своите постапки.
Новата министерка за правда Дескоска одкако вчера ја презеде функцијата најави дека откако ке ја добијат одлуката на грчкиот врховен суд ке бараат обновување на постапката.
Одбраната на Груејвски и Бошковски неколку пати повтори дека Врховниот суд во Атина донел исправна одлука согласно пресудите на Европскиот суд за човекови права и бараат и макеоднксите судови да ја почитуваат европската пракса.
Елена Ивановска