
Можни се предвремени избори заедно со претседателските
Највисоките партиските тела на СДСМ ќе го разгледаат барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки за распишување предвремени парламентарни избори кои евентуално би се одржале задно со претседателските, соопшти премиерот Заев. Се работи за исклучителен период затоа што вчера беа изгласани уставните измени и според Заев легитимно е и вреди да се расправа за повикот од најголемата опозициска партија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика Заев, доколку е убеден во победа веднаш уште во понеделник да се донесе одлука за распуштање на Парламентот.
Премиерот Заев го оцени вчерашниот ден како историски кога се затвора едно поглавје и се пишува нова историја за нашата држава. Говорејќи за придобивките од Договорот од Преспа , тој на неколку наврати земјата ја ословуваше со Република Северна Македонија.
Мицкоски со мака го следел обраќањето на Заев.
Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во нивна можност во иднина да се исправи неправдата со Договорот од Преспа.
Јулијана Пешевска