
Може ли Македонија да има декада на развој на патот кон ЕУ?
Македонските граѓани имаат само една четвртина од животниот стандард на граѓаните на Европската унија. Според ЕБОР македонската економија ќе треба да обезбеди голем раст за да фати приклучок.
ЕБОР во анализата посочува дека сивата економија и недостигот на финансии го угушуваат растот. Тој треба да изнесува барем 6% годишно за во наредните 50 години да го достигне европското ниво.
Македонија до 2020 година вкупно за шест години можела и може да искористи 664 милиони евра од европските фондов. Овие средства се наменети за четири клучни области на реформи.
Со преговорите Македонија ќе има и уште поголем пристап до структурните фондови на ЕУ за да создаде компетивна економија. Но, како овие средства досега се користеле и каква е одговорноста на институциите.
Само со професионална администрација Македонија може да дојде до посакуваната правна сигурност без политички кризи и да ги води преговорите со ЕУ кои ќе влијаат позитивно врз економијата.
Со силна реформска агенда и стабилизација на политичките неприлики ќе им се даде добар сигнал на инвеститорите и тоа мора да биде приоритет.
Христијан Станоевиќ