
Може ли лидерските средби да го редефинираат политичкиот систем на Македонија?
Во поновата македонска историја лидерските средба прераснаа во главен излез од политичките кризи. Од носење одлуки за распишување предвремени избори, макотрпни пржински преговори за техничка влада, па се до откочување на актуелната состојба со пакетот закони изгласани во Собранието. Сепак, се доведува во прашање капацитетот на одлучување на формалните институции и веќе воспоставените правила и принципи.
Лидерските средби носат краткотрајни позитивни решенија, но ги намалуваат капацитетите на институциите, дијалогот во законодавниот дом изостанува, а пратениците се претворени во гласачка машинерија за договорените закони меѓу четворицата партиски лидери, вели Христина Рунчева Тасев од правниот факултет.
За секој следен политички предизвик може да се размислува и за формализирање на лидерските средби со однапред утврдени правила на игра. Така политичките партии ќе имаат рамка во која ќе можат полесно да ги решат недоразбирањата, а Македонија побрзо да ги надминува кризните периоди.
Моделот на лидерски средби се активираше неколку пати годинава, од брифирање на државниот и политички врв за процесот на преговори со Грција, се до актуелните решенија за избор на ДИК, Пржински принцип на формирање влада пред избори и новиот Закон за финансирање на политичките партии од државниот буџет.
Христијан Станоевиќ