Може ли да му се верува на Избирачкиот список?

Во куќата со број 18 на улицата „Костурски херои“, поранешна “„29-ти Ноември“ во општина Центар  запишани се вкупно 19 гласачи. Во реалноста, тука живеат само петмина од нив и имаат исто презиме. Дали другите имиња се ставени по грешка или намерно, институциите знаат но не реагираат. На минатите избори, беа пријавени неколку илјади вакви случаи.

„Изминатите години ДИК спроведе голема операција за пречистување на Избирачкиот список со теренски проверки и споредување на базите на податоци од повеќе државни институции. И покрај тоа, довербата во Избирачкиот список не е голема“.

Во невладината Цивил се слеваат и други податоци за грешки во Избирачкиот список. Сите биле доставени до одговорната институција – ДИК.

За Дерала е неприфатливо префрлувањето на одговорноста од една на друга институција и отсуството на интервенција во Избирачкиот список по воочените изборни криминали.

На последните избори, по сите проверки, 39 илјади записи останаа како спорни. Тие се уште се на Избирачкиот список.

Соња Николовска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ