МОСТ: Се намалува бројот на закони донесени по скратена постапка

Бројот на донесени закони во Собранието е зголемен  од 33 во 2017-та на 246 во 2018-та година, покажува истражувањето на граѓанската асоцијација МОСТ. Сепак, тоа е помалку од 2016-та година, кога се донесени 339 закони, што според експертите е добро, затоа што хиперинфлацијата на закони не значи секогаш подобрување на системот.

Забележан е и повисок процент за закони предложени од пратениците, а помал процент на закони по скратена постапка, што е исто така позитивно оценето. Зголемена е и транспарентноста на комисиите, но кај 10 од нив е потребно подобрување, особено при извештаите и записниците за работењето, што не даваат јасна слика во јавноста за текот на нивните  седници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ