
„МОСТ“ регистрирале два изолирани случаи на нерегуларности во изборниот процес
Мирниот и без проблеми оценет втор изборен круг за претседател на државата, го нарушиле два изолирани случаи на нерегуларности, велат од набљудувачката асоцијација МОСТ. Нерегуларности се забележани на две избирачки места во Штип и Кратово.
На гласачкото место 2248/1 во Штип, забележано е читање на глас на избирачите. А, пред гласачкото место 0934 во Кратово, забележано било присуство на неовластено лице. Била повикана полиција која го отстранила лицето од пред гласачкото место, рече Златко Димитриоски од набљудувачката мисија „МОСТ“.