МОСТ: Досега без забележани неправилности во гласањето

Гласачките места во вториот круг од претседателските избори се отворени на време и не се забележани неправилности во досегашното спроведување на гласањето. Ова се информациите на набљудувачите и регионалните координатори на Граѓанската асоцијација МОСТ кои се распоредени на гласачките места.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ