
МОСТ: До 10 часот гласале 5,2 %
Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 10 часот е 5,2% со маргина на грешка од +/- 0,2%. Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е забележан еден помал инцидент на гласачко место 2117, во с. Јегуновце има напишано графит со навредлива содржина. Била повикана полиција и бил направен записник. Следната прес конференција МОСТ ја најави за 17.15 часот.