
Москва смета дека Македонија на сила се турка во НАТО
Москва оценува дека Македонија насила се турка во НАТО, Трамп не открива што мисли за руското влијание врз состојбата во западниот Балкан, Заев не ги слушнал руските коментари за македонското членство. Откако вчера Македонија и официјално доби покана за преговори, Русија преку МНР испрати свој став за прашањето.
„Внесувањето на Македонија во НАТО со присила, само потврдува дека политиката на „отворени врати“ стана цел сама за себе и алатка да се стекне контрола врз геополитичка територија“, вели порпаролката на руското министество за надворешни Марија Захарова.
Премиерот Заев денеска само кратко одговори дека не ја слушнал информацијата и дека Македонија повеќе од две децении се обидува да стане земја членка на НАТО. Македонија беше и дел од прашање до американскиот претседател Трамп на самитот на алијансата. Беше прашан дали очекува зголемување на руското влијание врз дестабилизиција на балканот по поканата за Македонија. Претседателот на САД не даде никаков одговор.
И додека македонија во Брисел се подготвуваше да ја добие поканата за преговори за членство, македонскиот амбасадор во Москва бил на работен појадок со рускиот министер за надворешни работи Лавров. Заедно со останатите амбасадори на словенските држави, амбасадорот Гоце Карајанов дебатирале за иднината на руско-европските односи, како и за безбедносни закани во определени европски региони. Македонија во соопштението не е спомната. ВМРО-ДПМНЕ на прашањетѕо за рускиот став и можноста нивните политики да бидат злоупотребени ни одговори дека партијата е недвосмилено определена за евроинтеграции, без наштетување на македоснките национални интереси. За ставот на Русија, екс министерот Павле Трајанов оцени дека Москва ќе се обиде да го успори членството бидејќи патот кон НАТО на Македонија е одамна изграден.
Можно е заладување на односите со Москва, но Трајанов смета дека тоа многу бргу ќе се надмине.
Миомир Серафиновиќ