МОС и Тврдокори протестираа против законот за јазиците и промената на името

Околу 1500 демостранти од здржужението Тврдокорни и од партијата МОС, денеска пред Собранието на РМ одржаа мирен протест против усвојувањето на Законот за јазиците и промената на името на државата, при решавањето на спорот со Грција.

Тие порачаа дека се собрани за спас на Македонија и дека нема да дозволат други да решаваат за животот во земјата. Ја отфрлаат можноста граѓаните на референдум да се изјаснат за промената на името на државата, како и тиранската платформа, за која велат дека била почеток на двојазичноста во Македонија.

-Нема да дозволиме други да решаваат кога ќе живееме , а кога ќе умреме. Ниту името сме го добиле на референдум, ниту јазикот ни е позајмен, па сега да го вратиме. Јазикот е клучот на нешето срце. Го губиме јазикот, ја губиме црквата, ја губиме душата, вели Виолета Сековска.

-Никаков референдум нема да дозволиме затоа што тоа е против природен чин за кој само лопови и предавници може да сонуваат. Ја отфрламе Тиранската платформа како злонамерна , со која се роди новата двојазичност, објаснува Љубиша Настовски – МОС.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ