Монструм почна од почеток но во согласност со одбраната нема да се одолговлекува

Судскиот процес “Монструм” на кратко се врати на почеток но во согласност со одбраната продолжи кај што застана.

Почнувањето од почеток се случи заради промена на поротнички.

Станува збор за истиот судечки совет со ТНТ. Покрај поротничката која вчера си даде оставка сменета е уште една на која наскоро треба да и истече мандатот.

Одбраната на обвинетите во овој случај се согласи да се читаат доказите и сведочењата, што значи дека нема да се сослушуваат пак сведоци и вештаци, туку само се читаа доказите и сведочењата, за ефикасност и спроведување на судењето во разумен рок.

Тој дел формално заврши и процесот продолжи кај што претходно беше запрен.

Обвинителот Гаврил Бубевски како сведок го предложи свиркачот Звонко Костовски за да каже како биле предадени бомбите од УБК до СЈО.

Како сведоци, Бубевски ги предложи и Зоран Заев и Зоран Трајковски од МВР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ