
МОН негира дека дале насока за синдикално организирање на вработените од високо образовните институции
Од Министерството за образование негираат дека тие дале насока до вработените на високо образовните установи синдикално да се организираат, откако такви сомнежи упатија Независниот академски синдикат и СОНК кои реагираа на повикот од ректорите, а на барање од МОН, да се основа Синдикат кој ќе потпише колективен договор со што ќе се овозможи академскиот кадар да го добие најавеното зголемување на платите за 10 отсто од јануари.
„Имајќи предвид дека не постои склучен Грански колективен договор за високото образование, согласно Законот за работните односи, единствениот начин за исплата на покачувањето на платите е да се склучи колективен договор на ниво на работодавач. Во овој случај, работодавач е секој универзитет и тој треба да склучи колективен договор со синдикат во кој треба да членуваат најмалку 20 отсто од сите вработени на истиот. Дали вработените на универзитетите ќе формираат посебни синдикати на секој универзитет одделно за да потпишат колективен договор со истиот, дали ќе формираат единствен нов синдикат кој ќе потпише колективен договор со сите универзитети, или пак ќе се приклучат кон СОНК или кон НАкС и ќе го исполнат условот за репрезентативност тоа е нивна одлука“, наведува МОН во дописот