МОН му ги врати надлежностите за училиштата во Гостивар на Таравари

По девет месеци, надлежностите за разрешување и назначување на директори во училиштата во Гостивар, се вратија во рацете на градоначалникот Арбен Таравари. Раководителката на општинскиот сектор за образование, Аслијан Снопче посочи дека во периодот додека надлежностите ги имало Министерството, низ училиштата биле направени многу нерегуларности.

На новинарско прашање: Дали тоа значи дека ќе се отпочнат процедури за разрешување на директори во училиштата, Снопче не даде прецизен одговор и рече дека повеќе информации ќе се знаат во наредниот период.

Министерот за образование Арбер Адеми пак изрази надеж дека по враќањето на ингеренциите, проблеми нема да има и го повика градоначалникот на координативна средба.

Министерството за образование му ги одзеде надлежностите за именување и разрешување на директори во училиштата на градоначалникот Таравари, во февруари, со образложение дека правел прекршувања на правилата и процедурите во образовниот сектор.    

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ