МОН му ги одзеде ингренциите на Таравари, тој обвини за политички притисок

Општина Гостивар повторно остана без надлежности во областа на образованието. Градоначалникот Арбен Таравари во наредните девет месеци ќе нема право да именува и разрешува директори во основните и средните училишта, ингеренциите за ваквите одлуки ќе ги има Министерството за образование.

Таравари преку својот фејсбук профил истакна дека одлуката е политичка затоа што тој и општината немаат направено никакви пропусти во областа на образованието.

  • Оваа одлука дојде од централната власт, т.е. од партиите ДУИ и СДСМ (иако верувам дека вторава нема голема улога во одлукава).Морам да истакнам дека од страна на нашата општина, и покрај лошите услови нема никаква повреда која води кон ваква флагрантна одлука!По погребните обреди, едвај неколку дена по смртта на 15 лица како последица на сообраќајна несреќа, владата не се занимава со итна истрага на случајот, туку му задава уште еден удар на Гостивар!, посочи Таравари .

Од Министерството за образование преку писмено соопштение, реагираа дека Таравари наместо да и ги објасни на јавноста неговите дејствија и активности спротивни на законот, се занимава со дезинформации шпекулации и злоупотреба на трагични настани. Вистината е една, а тоа е дека надлежниот инспекторат утврдил низа неправилности, како разрешување на директори без процедури предвидени со закон и назначување на нови, кои не ги исполнувале условите и критериумите за овие позиции

  • Исто така, се констатираа состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврати од страна на градоначалникот и тоа, првиот пат без да се почитуваат постапките и по забелешките на Инспекторатот, г. Таравари ги врати на должност за истите да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и истите лица, кои што не ги исполнувале условите биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори, се вели во писменото соопштение на Министерството за образование.

Таравари побара лично премиерот Зоран Заев да го разгледа целиот случај, затоа што како што посочи не сакал да верува дека е запознаен со истиот. Во спротивно со право можам да верувам дека Владата со г-динот премиер имаат стратегија за понижување на нашиот град, додава првиот човек на Гостивар.

И лани во февруари, владата му ги одзеде ингеренции на Таравари во областа на образованието. Ингеренции му беа вратени за девет месеци по што општината веднаш започна да разрешува директори поставени од Министерството за образование, и да назначува свои луѓе на овие функции.

 

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ