
Момче се удави на Охридско езеро скокајќи од педалинка
Момче попладнево се удави во Охридското Езеро во близина на плажата Магнус кај Даљан.
Од полицијата велат дека околу 13:30 часот езерската полиција примила повик за помош. Момче кое било на педалинка се фрлило во вода и потоа не испливало на езерската површина.
Езерските полицајци набргу стигнале на местото на инцидентот. но не можеле да му помогнат на давеникот.
Увидот е завршен, а обвинителството продолжува со истрагата.
Полицијата разговара со познаниците на загинатото момче и очевидци, но досега се уште официјално не е утврден идентитет на загинатиот иако имаше повеќе информации дека станува збор за машко лице од Куманово.