
Молотови коктели спроти Собрание- полицијата уапсила едно лице
Полицијата уапсила едно лице осомничено дека подготвило 5 молотови коктели кои се откриени во Жена парк за време на вчерашните протести против промената на името и за ослободување на осомничените за крвавиот четврток.
Полицијата го идентификувала и лицето кое запалило странски знамиња на протестот, потврди Лазе Велковски, Директор на јавна безбедност.
Велковски истакна дека биле регистрирани три инциденти, палењето на две знамиња на странски држави (што е кривично дело), потоа имало фрлање каменици кон полициски службеници на протестот пред канцеларијата на ЕУ, а најдени се и подготвени молотови коктели, во паркот спроти Собранието.
-Приведено е едно лице, во тек е истрага и проверка на околностите и мотивите: зошто тие требало да бидат употребени, изјави Велковски.