
Молк кај институциите по трагедијата во Илинден
Ден по трагедијата жителите на општиан Илинден со истите прашања. Можешее ли да се спречи трагедијата, да се затрупа дупката или пак да сео гради просторот. Дупката се уште зјаее полна со вода, а на местото кадешто се удави 13-годишното девојче денеска се изведуваат градежни работници.
Преписката меѓу општината и сопствениците на земјиштето трае веќе неколку месеци. Пред половина година, локалната самоуправа побарала од двајцата сопственици да го заградат и исчистат плацот, посптапувале по законот за животна средина и просторно планирање.
„Просторот делумно беше уреден, но не и заграден. Минатата недела ургирано е до сопствениците на земјиштето за да се санира конкретната дупката која што сега е исполнета со атмсоферска вода“, велат од општина Илинден.
Пред една година двајца сопственици го купиле плацот. Го дале на агенцијата – „Недвижности Македонија “ која го нуди на пазарот за недвижности. Велат дека немале намера да градат, бидејќи во Општината не доставиле проект ниту барање за градба. Девојчето настрадало на приватен имот, а не на градежен објект.
„Рекламните паноа со нашето лого се едно идејно решение како можност за изнаоѓање на потенцијален иден инвеститор или купувач“, тврдат од Недвижности Македонија.
Обдукцијата на деовјето во судска медицина џзаврши, а таа предедна на родителите. Земени се примероци, а од крв, а сите наоди и причните за смртта ќе ги достават до обвинителството. Оттаму, Заедно со прибраните информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата и податоците од инспекциските служби и од други надлежни органи треба да дадат одговор за евентуална кривична одговорност.
Петар Догов