
Могерини: Се вративте на вистинскиот пат кон ЕУ
Емотивно и оптимистички, шефицата на европската дипломатија Фредерика Могерини заклучи дека Македонија се вратила на вистинскиот пат. За разлика од состојбата во земјата од пред една година кога била во Скопје и денеска, таа гледа голем напредок, но смета дека сега треба препораката да се прославува половина ден, а другата половина повторно на работа, споредувајќи го реформскиот процес со видео игра.
„Кога ќе завршите едно ниво добивате ново ниво, а на крајот од денот добивате екстра поени. Вистинската цел не се институциите, туку подобрување на стадардот на граѓаните и подобар квалитет на живот. Сето ова започна и ова се придобивки кои членството во ЕУ ги носи со себе. Следно ниво е спроведувањето на реформите. Во препораката има два магични збора – подобрување и продлабочување“, кажа Фредерика Могерини, висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕК
Колку нивоа има играта не се знае, но за Могерини најважно е овој процес да продолжи во дух на соработка на власта со опозицијата. Тие треба заедно да ги одредат националните приоритети, а во спротивно ризикуваат земјата да назадува.
Могерини е оптимист и дека до европскиот самит во јуни може да се реши спорот со Грција и Македонија бда добие дартум за преговори.
„Има време и времетѕо треба да се искористи соодветно, мудро и храбро. Изминативе месеци ба преземени чекори кои претходно не можевме ниту да замислиме. Јас сум балкански оптимист што ме квалификува да бидам глобален оптимист“.
Овој оптимизам го дели и премиерот Зоран Заев иако официјална Атинма соопшти дека нема времне тоа да се псотигне ниту до самитот на НАТО во јуни.
Овој оптимизам во Европската Унија не го делат сите членки откјако франбцускиот претсадтел Макрон вчера соопшти дека проширувањето не треба да продолжи доколку земјите од Западен Балкан не ги достигнат европските стандарди, а слични ставови делат и Холандија и Германија.
Сања Васиќ