Могерини: Mожностите за почнување пристапни преговори мора да се искористат сега

„Пред самото лето, колку да се задржам на Балканот, заедно го прославивме договорот помеѓу Атина и Скопје. И за само неколку недели ќе се одржи референдум за тој договор, за нешто што се надевам дека ќе стане Република Северна Македонија“, порача шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во денешното обраќање пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.

„Следната година ќе биде интензивна за подготовките за почнување на пристапните преговори со оваа земја, како и со Албанија. Дозволете да бидам јасна – овие можности мора да се искористат сега – оваа година е таа година. Не станува збор за отстапки, тоа е во интерес на европските граѓани, како во рамките на ЕУ, така и надвор од нејзините граници“, подвлече високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ