
Мобилните телефони и таблетот – современите играчки за деца
Вака изгледаат голем број маала ширум земјава. Во нив го нема детскиот џагор, ги нема игрите на децата и покрај тоа што во тек е летниот распуст. Во моментов голем број деца се во своите домови фасцинирано гледајќи во мобилните телефони на своите родители и во таблетот. Нивните родители може на раат да го испијат своето кафе, но последиците со кои ќе се соочат следуваат подоцна.
Последната анализа на истражувањата кои се однесуваат на кој начин всушност децата се стимулираат во периодот во кој што се случува раното учење и развој покажуваат дека техниката и технологијата влијаат на задоцнето говорење кај децата, одреден степен на анксиозност, недостаток на физички развој, недостаток на развиени социјални вештини и емпатија.
Новите технологии се реалност и предизвик за сите генерации. Возрасните се свесни дека треба да се биде внимателен што и во која мера е адекватно за одредена возраст, за што говорат и нивните деца дека постојат ограничувања.
Работилници во организација на општина Центар под слоганот „Остави го таблетот и симни се пред зграда“ покажаа дека децата можат да го вратат шармот на маалскиот живот само треба соодветно да ги мотивирате.
Мора да се направи одредена селекција на тоа што ќе допре до најмладите бидејќи тоа е многу важно за нивниот развој, не само од аспект на креативност, интелигенција, моторични движења, дури и емотивноста ја изразуваат на тој начин.
Логопедите и педијатрите сметаат дека состојбата е алармантна, бидејќи децата се подоцна почнуваат да зборуваат и често пати имаат проблем да се вклопат со своите врсници. Стимулацијата на фината моторика е сведена на минимум, со тоа и стимулирауњето на мозокоте минимално. И тогаш кога треба да го откриваат светот развивајќи ја тродимензионалната слика, тие на мобилните гледаат дводимензионално. Децата чезнеат да бидат мотивирани во откривањето на светот и тие нивни чекори го заслужуваат целото внимание.
Нина Стефанова