МНР враќа 63-ца граѓани од Црна Гора

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможено е 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја.

Министерството за надворешни работи, воедно, упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста

До телма пристигаат реакции од граѓани кои заради пандемијата и отежнатиот патнички и авионски сообраќај и затворањето на скопскиот и охридскиот аеродром се соочиле со казни и рестрикции од земји членки на европската унија. Две лица добиле казна од по 600 евра од грчките граничари бдејчи им било констатирано надминување на дозволениот престој од 90 дена во Европската унија иако навеле дека имале одложување на летовите кон Македонија. Освен паричната казна  пречекорувањето на пресотјот им бил впишан и во патните исправи. Рекацијата на граѓаните е дека грчките власти не ги почитувале насоките од ЕУ да не се превземаат рестриктивни мерки за патниците додека трае пандемијата .

МНР синоќа извести дека со оглед на притисокот врз буџетот предизвикан од кризата со коронавирусот, владата одлучи граѓаните кои ќе бидат вратени во земјата со чартер летови организирани од државата, ќе добијат обврска за плаќање на своите авионски карти. Во моментов се разгледува можноста за одложено плаќање на рати.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ