МНР: во земјотресот во Албанија нема повредени македонски државјани

Од македонското МНР за Телма велат дека засега од амбасадата во Тирана немаат податоци за повредени или евентуално загинати македонски државјани.

Сепак нагласуваат дека се уште е рано за да добија официјални податоци.

Бројот на загинати во силниот земјотрес којшто ја погоди утрината Албанија постојано расте, засега официјалната бројка изнесува осум загинати.

Итните служби и армијата постојано извлекуваат тела на настрадани од под урнатините. Потрагата по преживеани продолжува.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ