МНР помага на македонските државјани кои се заглавени на аеродромите и граничните премини на други држави

Министерството за надворешни работи соопшти дека преку вчераформираното Координативно тело презема низа мерки да им помогне на македонските државјани кои останаа заглавени по аеродроми или на граничните премини на други држави, поради превентивните мерки што ги преземаат сите држави. Во Малта македонсмите и граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул, во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити до Скопје, исто е и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија – соопштија од МНР.  Обезбеден е конвој за одреден број македонски превозници, кои беа придружувани од словенечката полиција и транзитираа преку словенечка територија на пат кон земјава, а ќе се продолжи со напорите  со организирани конвои дома да стигнат и останатите превозници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ