МНР го добило нон-пејперот на Макрон: Во наш интерес се посилни контролни механизми и фер евалуација за пристап во ЕУ

-Во петокот попладне го добивме францускиот Нон пејпер за реформирање на пристапниот процес и истиот внимателно го разгледуваме, стои во ставот на МНР по прашањето на Телма.

Во одговорот на министерството се наведува:

-И покрај фактот што овие предлози ќе се дискутираат и за нив ќе одлучуваат земјите членки на ЕУ, ние, како земја кандидат и засегната страна, сметаме дека во наш интерес е пристапниот процес да биде подобро структуиран и поефикасен, односно преку посилни контролни механизми и фер евалуација, да може да обезбеди конкретни придобивки и за земјата и за Унијата. Крајната цел на овој процес секако останува полноправно членство во Европската унија.

Очекуваме Унијата, односно земјите членки да постигнат консензус за ова прашање што е можно поскоро, за да се овозможи донесување на заслужената одлука за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Утрово документот на 5 страници го објави и пратеникот Антонио Милошоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ