
МНР : Апел за итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот
МНР испрати соопштение за итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот:
„Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината.“ – Никола Димитров
Од МНР велат дека имаат наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени.
Тие испратија листа на податоци кои се потребни за граѓаните да се пријавар во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаат мисија.
Емаил адресите на ДКПта се достапни на сајтот на МНР .
Потребни податоци:
– име и презиме
– број на патна исправа
– контакт телефон
– земја и град каде се наоѓате
– дали имате регулиран престој во која било странска држава
Пресек на состојбата ќе се направи за 24 часа. Затоа апелираат да се пријават тдо утре до 17 часот (четврток 19 март 2020 год).