Многу моќ на едно место- критикуваат експертите за новата УБК, Андонов тврди дека на моќниот екс функционер бегалец му се спротивставил

Многу моќ во рацете на еден човек, премиерот- ова е главната експертска критика на реформските закони за тајните служби со кои се предлага директорот на новата агенција за национална безбедност да го предлага претседателот на владата кој истовремено би го водел и советот на координацијата на разузнавачка заедница во државата, во кое тело нема да биде претседателот на Македонија ниту пак директорите на Бирото за јавна безбедност, финансиското разузнавање и финансиската полиција.

Втората спорна работа е што наследничката на УБК ќе добие можност да купи опрема и да прислушува во итни ситуацииа без ОТА.

Поранешниот министер Оливер Андонов објаснуваше дека моќта на едно место не е соодветна и се пофали дека на екс функционер, сега бегалец од државата му укажал на слична грешка.

Претставниците на власта тврдеа дека реформските закони добиле позитивни оценки од меѓународната организација ДИКАФ, иако и пратеници Павле Богоески и Фросина Ременски имаа дилеми за дел од решенијата. Се бараше и подолг период за разгледување на законите. Планот е до први јуни да почне со работа новата Агенција за национална безбедност, а УБК да ја снема по три децении критики за злоупотреби и лоше влијание врз политиката и бизнисот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ