
Многу корупција и непотизам при вработувања во државната администрација
Корупција и непотизам при вработување има многу. Системот е така поставен и со години се градел, без разлика кој бил на власт.
Со менување на закони и подзаконски акти се прави простор за партиски вработувања, констатираат антикорупционерите. Дискреционото право на функциониерите е посебен проблем и злоупотреба, често се сретнуваат случаи на луѓе вработени на места кои немаат допирна точка со нивното образование.
Во една државна институција во последните години 40 пати е сменет правилникот и систематизацијата за да се направи простор за партиски вработувања.