
Многу „ќе“ и ниту една координата, Кањонот Матка без граници на заштитеното подрачје
Кањонот Матка е останува заштитено подрачје кое нема координати и граници и во кое секој може да прави што сака и кога сака. Осум месеци по скандалот со поставените платформи, кои во меѓувреме не само што не се отстранија туку се доградија, надоградија и продолжија да функционираат, надлежните ја префрлаат топката од еден на друг. Дивоизградените викендички на брегот на езерото сеуште се таму, дел од нив легализирани а да дел тече постапката за легализација.
Од животна средина без одговор до каде е постапката на мапирање и за сите детални инфромации не упатија кај координаторот на проектот УНДП оа каде што велат дека постапката сеуште е во тек.
Избраната консултантска фирма работи на дефинирање на предлог надворешните граници на заштитеното подрачје, и на границите на предлог зоните во рамките на заштитеното подрачје. Град Скопје треба да ја достави ревидираната Студијата за ре-валоризација на заштитено подрачје за Кањон Матка, во која ќе бидат содржани и предлог границите и зоните во рамките на зашитеното подрачје,
велат од УНДП.
Во март годинава заменик министерот за Јани Макрадули изјави дека мапирањето е готово и дека се чека на координатите кои треба да ги достави министерството за одбрана бидејќи забранетата зона од Јасен граничи со заштитената зона од матка.
Интересно е што од одбрана одговорија дека никој од нив не побарал никаква информација кога станува збор за Матка.
До овој момент, од Министерството за одбрана не се побарани никакви информации или податоци во врска со проектот Споменик на природата Матка, од ниту една установа или институција во Република Северна Македонија,
велат од МО.
Се додека се чека на координатите не може да се усвои законот за заштита на природата а роковите немилосрдно течат бидејќи на 3 јануари ќе се формира Теничката влада која нема ингеренции да носи или усвојува закони.
Во меѓувреме хаосот продолжува. Десетината дивоиградени викендички на брегот на Кањонот сеуште се таму. Дел од нив легализирани, дел од нив во процес на легализација а отсуството за закон овозможува сопственици на парцели во заштитената зона да имаат маркици за изградба на хотелски комплекси.
Огнен Чанчаревиќ