ММФ и Светската банка лоцираат во кои области треба да се работи во Македонија

Странските финансиски експерти ги пофалија економските реформи во земјава. Според нив, Преспанскиот договор склучен лани придонел за подобра економска клима и подобри услови за фирмите и за луѓето.

Сепак како ќе се одрази на економијата евентуалното недобивање датум за преговори со Европската унија – експертите не сакаат да коментираат.

Од Светската банка анализирале на кои полиња е потребен напредок во Македонија и креирале посебна програма за да и помогнат на земјата. Очекуваат напредок во борбата со загадувањето на воздухот и креирање повеќе шанси за напредок на бизнис-полето, за фирмите и луѓето.

Скопје викендов е домаќин на состанокот на Холандско-белгиската конституенца. Се разговара за тоа како да се направи системот да е поправеден за сите,

што е тема на состанокот. Особено важно за да се постигне тоа е процесот на образование кај младите, смета гувернерката на Народната банка.

За поправеден економски систем, денес во Скопје разговараат повеќе од седумдесет важни имиња од светот на економијата – министри за финансии, гувернери на централни банки и претставници на важни институции.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ