Младоста е новиот адут на Заев

Новиот адут на премиерот Заев се вика: младост.

Со само 30-тина години, Нина Ангеловска ќе стане првата жена која ќе раководи со ресорот финансии.

Во македонската јавност е позната како коосновач на интернет страницата Групер. Пред 9 години дипломирала на Економскиот факултет во Скопје како студент на генерацијата, а од 2016-та е доктор на науки по менаџмент, а лани стана дел од групата на Форбс „30 најдобри претприемачи под 30 години“.

На својот профил напиша дека е подготвена да ги вложи своите менаџерски способности и бизнис искуство во носењето најдобри одлуки.

-Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики со кои ќе креираме силна економија.Ќе вложам максимум во унапредувањето на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните. напиша Ангеловска на Фејсбук.

Ангеловска доаѓа на местото на Драган Тевдовски кој беше разрешен пред два месеца.

Предлогот доаѓа од Заев, по забелешките на Антикорупциска дека тој не може да биде и премиер и министер за финансии.

Нина Ангеловска нема да биде најмладиот министер во нашата историја, ако се има предвид дека на помлади години министри станаа Груевски, Јанакиевски, Спасов, а на нејзина возраст Црвенковски стана премиер.

Ќе се пополнат и три заменички места во министерствата: професорката од средношколскиот центар „Таки Даскало“ во Битола ќе биде заменик министер за образование.

Заменик-министерот за економија, Кирил Колемишевски доаѓа од функцијата веде директор на Македонската банка за обнова и развој, а познат е како адвокат за стопанско право и како член на групата Нокаут.

Неџад Мехмедовиќ, заменикот во новото Министерство за политички систем, е политиколог и историчар, вработен во Институтот за национална историја.

На синоќешниот состанок во СДСМ беше оформена и потпретседателската структура на партијата.

На досегашните потпретседатели Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Оливер Спасовски, им се придружуваат министерката Мила Царовска и Коста Петров.

Познат е како претприемач, експерт за односи со јавност, основач на Пи ворлд, дел од евровизискиот тим на Тамара и автор на книгата: „Се гледаме на врвот’.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ