
Младите се зависни од интернетот и социјалните мрежи
Истражувањата на штипскиот Правен факултет покажуваат дека 93% од нив примарните информации ги добиваат од веб порталите и социјалните мрежи, а оваа бројка за 2 % е повисока кај студентите. За разлика од младите на кои мобилните телефони и компјутерите им се постојано отворени, македонските пензионери се верни на телевизиите. Над 80% од оваа популација се информираат од вестите на телевизиските канали. Студентите на штипскиот Правен факултет на дебатата ги спротиставија ставовите за позитивното и негативно влијание на социјалните мрежи.
Универзитетскиот професор Страшко Стојановски забележува дека интернетот и социјалните мрежи се дел од животот на младата популација, загрижува говорот на омраза за време на спортските натпревари меѓу земјите од регионот, но и кога има засилена политичка мобилизација во земјава, односно избори или протести.
Говорот на омраза најмногу го има во делот на коментарите под текстовите на веб-порталите и на социјалните мрежи. Македонските закони предвидуваат санкции за оние кои го шират говорот на омраза, но праксата покажува дека не се применуваат.
Викторија Димитрова Јованова