Младите лекари иднината ја гледаат во Европа

Затворени родилишта, педијатри и интернисти пред пензионирање, а нема кој да ги замени, ваква е сликата во здравствените установи во помалите градови во земјава. 19 годишната виничанка Ангела Здравкова е студент на штипскиот Медицински факултет, доаѓа од градот, каде што веќе се чувствува дефицит од млад медицински кадар. Во Штип пак веќе неколку години наназад студентите на Медицинскиот факултет бараат место повеќе за напредните курсеви по германски јазик, сонот им е да работат во Германија, Австрија и Швајцарија.

Здравкова се надева дека додека  студира, дражавата ќе најде решенија и ќе го стопира иселувањето на младите. Во спротивно и таа ќе стане дел од македонската иселеничка пандемија. Кардиохиругот Жан Митрев, кој го поминал истиот пат, но се врати и работи во државата, за Телма вели дека она што се случува во Македонија е резултат на нереформираниот здравствен систем.

Поранешниот министер за здравство Таравари пред речиси една година излезе со бројка дека за четири години од земајва заминале 1.000 млади лекари. Според Митрев оваа статистика е еднаква на реална катастрофа, а недостатокот секаде се чувствува. Во моментов Европа и Германија ги имаат ширум отворени вратите за лекарите и медицинскиот кадар.

На социјалните мрежи стојат отворени огласи за работа во клиниките во Германија, специјализирани агенции во земајва, а пред се од соседна Бугарија, на лекарите им нудат и полесен начин да заминат.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ