Младинците доживеаа пораз од Белорусија и завршија на 12. место во Софија

Македонската кошаркарска репрезентација (играчи до 20 години) го освои 12. место на Европското првенство од Б дивизијата што се одигра во Софија откако на последниот меч за пласман на 11 позиција, Белорусија славеше со 83:73.

Нашите надежи го добија првиот дел со 41:36 а го загубија мечот во вториот кога на почетокот од третиот период Белорусија ја анулира негативата пред во последните 10 ет минути да го направи значајниот исчекор за конечен триумф и се реваншира за поразот во групната фаза.

Павле Михајловски со 20 поени беше најефикасен кај Македонија во четвртиот пораз на шампионатот. Ранко Мамузиќ беше втор стрелец со 14 поени, додека во спротивниот табор Дзианис Викентсје беше најефикасен на средбата со 21 поен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ