Мизрахи во полициската станица Карпош дава исказ за тврдењето дека е следена од непознати лица

Поранешната министерка за труд и социјална политика во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, дава исказ  вечерва во полициската станица Карпош.

Според лидерот на опозиционата партија, Христијан Мицковски за кого се тврди дека денеска престојувал во внатрешноста на една кафеана на Боемската улица, прекршувајќи ги правилата за работата на рестораните и кафе баровите само на отворениот дел и терасите,  Мизрахи го информирала дека некој и ја фотографирал колата и дека е следена.

“Следени сме од параполициски структури” –  вели Мицковски за Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ