
Собранието ја разреши Мизрахи од функцијата министер за труд
Со 62 гласа “за” и 26 “против” собранието ја разреши техничката министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Собраниската седница треаше речиси до 04 часот изутрина.
Таа беше дел од техничката влада предложена ВМРО-ДПМНЕ, а на чело на министерството беше околу месец и половина.
Премиерот Спасовски побара нејзина смена бидејќи таа не го почитува Уставот, оти не ја сменила таблата со натпис РМ во министерството и побара од опозицијата да дадат нов предлог за свој кандидат.
“Никогаш не сум прекршила ни Устав, ни закон. Баба ми Ризова Трајанка била член на партизанската бригада ‘Добри Даскаловски’ која крварела за слободата на Република Македонија. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!” истакна Мизрахи од собраноската говорница по што следуваше пет часовна дебата.