Мицотакис: Промена на Уставот, предуслов за решение

Комплетно решение со ерга омнес име и уставна промена, се предусловите за договор меѓу Македонија и Грција, според лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој е во Софија на Самитот на европските народни партии.

Решението на проблемот со името, треба да биде комплетно, но и едно. А како неопходен предуслов има, не само ерга омнес, туку и уставна промена во соседната земја. И оваа уставна промена е предуслов за решение, од кое нашата земја не може да отстапи ниту милиметар, вели Мицотактис и додава дека стратешки стремеж на Грција е влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО, но потребно е претходно да се исполнат условите, а како главен, тој ги споменува добрососедските односи. Мицотакис овие позиции му ги пренел на бугарскиот премиер на нивната вчерашна средба, во рамките на Самитот на европските народни партии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ